Фото: МИА/Илустрација

По смртта на деветгодишното момче од Свети Николе, кое во тешка здравствена состојба било однесено на Детската клиника во Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) најави вонредна инспекција на Детската клиника.

Здравствените инспектори веќе ги прибираат сите информации, се работи на случајот и ќе се направат сите проверки, уверува директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

– На Клиниката за Детски болести е примено детето во екстремно тешка состојба и веднаш е згрижено од тим специјалисти и доктори на интензивна нега. Државниот санитарен и здравствен инспекторат по мој налог како директор и согласно нашите надлежности, ќе изврши вонреден инспекциски надзор за текот на лекувањето – изјави д-р Кирил Лазов, директор на ДСЗИ.

А, проверките на здравствените инспектори ќе ги опфатат сите инстанци, почнувајќи од матичниот лекар, до болницата во Штип и Детската клиника во Скопје.