По информацијата за зголемување на цените на нафтените деривати од поладнево почнаа да се создаваат редици од возила пред бензинските пумпи.
Граѓаните брзаат да наполнат гориво по стара цена.
Речиси и да нема бензиска станица каде нема редици од автомобили кои чекаат да наточат горово по старата цена.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за девет денари по литар, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит,соопшти денеска Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ), додавајќи дека поскапува и дизелот, за девет денари за литар.
Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96 проценти
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит. Литар дизел ќе чини 95 денари. Цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за осум и пол денари за литар и ќе изнесува 93 денари.
Ова е сликата што попладнево можеше да се забележи пред бензиските пумпи во главниот град: