Фото: Приватна архива

Музичарите Панчо и Андреј од групата „ДНК“ објавија дека успеале да соберат 690 илјади денари за лекувањето на Леонид Индов, откога ја ставија на лицитација статуетката што ја добија на доделувањето на наградите на „Златна бубамара“.

Статуетката заврши кај Митрески Кирче од Охрид кој ја дал најголемата понуда во износ од 250.000 денари, но и другите понудувачи одлучиле да ги донираат парите за истата цел.

– Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Filip Patrikliski (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата „Еклектик Диспеч“ (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео – велат Панчо и Андреј.

Додаваат дека Македонија уште еднаш покажа дека е хумана држава, и има нација со огромно срце.

Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти месецов тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото семејство.

Телефонски броеви за донација:

Т-МОБИЛЕ 143-118

А1 143-500

Се молат сите хумани граѓани кои се во можност за завртат на телефонските броеви, а повикот ќе ве чини 100 денари. Да помогнеме за Лео.