Фото: Твитер/Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија. Во честитката, Блинкен ја истакнува поддршката на САД за натамошно разивање на партнерските односи, за просперитет и интеграција на земјава во ЕУ и за промоција на владеењето на правото.

– Во име на Соединетите Американски Држави, му честитам на народот на Северна Македонија на прославата на 32 години од независноста. Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Северна Македонија во спроведувањето на реформите за интегрирање во Европската унија и воспоставување уште посилни односи со соседните европски земји.

Северна Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото. Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со Северна Македонија и да ги унапредиме нашите заеднички демократски вредности во годините што доаѓаат, се наведува во честитката од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, што ја објави Стејт департментот.