Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира УХМР.

Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Вредноста на УВ – индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на следнава работна седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени. Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.