Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за провејување на слаб снег  на планините, а на пониските места со услови за проврнување на слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен ќе биде во источните делови на земјава. Дневната температура ќе биде во интервал од 5 дo 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер.  Температурата ќе достигне до 8 степени.