Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денес ќе одлучува по пријавите за изборни прекршувања на градоначалниците на Скопје, Гази Баба, Кисела Вода и Шуто Оризари. На дневен ред на дванаесеттата седница на ДКСК е и приговор против Јавното комунално претпријатие Гази Баба за можни изборни злоупотреби.

Сите пет приговори се поднесени од Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Антикорупционерите денес ќе ја одржат и 13. седница на која ќе се постапува по предмети за кои се отворени постапки по службена должност за можен судир на интереси.

Седниците ќе се одржат во просториите на ДКСК од 11 часот.