Вечерва, почувствуван е земјотрес на подрачјето на Тетово и Гостивар, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево, вечерва, во 20.40 часот регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово – Гостивар, со епицентар на 50 км југозападно од Скопје, информираат од Опсерваторијата.

Земјотресот бил со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и во Маврово, додаваат од Опсерваторијата.