Припадниците на Единицата за брзо распоредување, денеска во кругот на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ учествуваа во крводарителска акција, во соработка со Црвен крст од Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во крводарителската акција што беше организирана во пресрет на претстојниот јубилеј, 20-години од формирањето на Единицата активно учествуваа 35 припадници на Единицата за брзо распоредување.