Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го пречека претседателот на Владата на Кралството Холандија, Марк Руте, по повод неговата прва посета на Северна Македонија.

Посетата се одвива во светло на добрите билатерални односи меѓу Холандија и Северна Македонија, но и во контекст на заложбата од холандска страна за безусловен почеток на пристапните преговори со Европската Унија што беше афирмирана и на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Брдо, Словенија, во октомври.

Како земја што има стриктен пристап кон објективното вреднување на пристапните критериуми, особено во однос на владеењето на правото, поддршката на Холандија што се изразува и преку оваа посета е потврда дека со посветеноста на европската реформска агенда, Северна Македонија е целосно подготвена за отворање на преговорите.