Фото: Игор Бансколиев

Иселениците во Швајцарија засега со најголем одзив на пописот, по нив следуваат тие од Германија и Италија. Другите држави заостануваат далеку зад овие три.

Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика вели дека во последното деноноќие се попишале повеќе од 20 илјади граѓани.

– Претпоставуваме дека ова нагло зголемување на бројката на самопопишани е поради викендот, кога луѓето имале повеќе слободно време – вели Ѓоргиева.

Таа информира дека викендов завршил и последниот дополнителен конкурс за попишувачи и дека сега конечно има доволно пријавени дури и за оние региони каде претходно имаше недостаток.

Ѓоргиева е оптимист дека граѓаните нема да одговорат на повиците за бојкот и неотоврање врата на попишувачите.

– Од нашето искуство, во текот на самиот попис, граѓаните ќе одговорат на прашањата – вели Ѓоргиева.

По однос на одговорноста за можното зголемување на бројот на заразени од Ковид-19 во текот на пописот, таа вели дека тој е задолжителен.

– Пописот претставува задолжителна активност на ДЗС. Спроведувањето или неспроведувањето на терен не е нешто за што може да одлучи ДЗС – вели Ѓорѓиева.