Премиерот Зоран Заев попладнево се очекува да ги достави до Собранието имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада. Предлогот на Заев треба да биде усвоен на собраниска седница следната недела.
По реконструкција на Владата, премиерот Заев најави дека ќе следуваат и промени во пониските ешалони, а со нив треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
Предлогот до Собранието требаше да биде доставен завчера, но премиерот го одложи за денеска, поради одржувањето на Конституенцата на која присуствуваа министри за финансии, гувернери, потпретседатели на Светската банка и потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.