На 19 и 20 април во првата општа болница „Ре-медика“ гостин ќе биде проф. д-р Владимир Којовиќ, специјалист уролог, супспецијалист за реконструктивна и естетска урологија. Овој светски признаен уролог, кој веќе ги направи првите две операции во „Ре-медика“, ќе биде на располагање за македонските пациенти, а секој што е заинтересиран за медицинска услуга, може да закаже на телефонските броеви 02 2603 100 и 072 443 200.
Професор Којовиќ и д-р Александар Мицковски, специјалист уролог во болницата, ги изведуваат најсложените и најкомплицирани интервенции во оваа област. Тоа се реконструкции на уретра со слузница од образ, реконструктивни операции на машки полов орган, реконструктивни и естетски операции на женски гениталии, операции врзани за Пејрониева болест, како и хипоспадии.
Уролошкиот тим овозможува примена на најсовремени дијагностички и терапевтски процедури, вклучувајќи и пристап до минимално инвазивни хируршки зафати, за третирање на сите уролошки заболувања и состојби во адултната и педијатриската урологија.
– Успеавме првпат на едно место да ги овозможиме и имплементираме сите гранки на урологијата, и тоа отворена, ендоскопска урологија, лапароскопија, онколошка урологија, машка неплодност и современ пристап на еректилна дисфункција, уролошка микрохирургија во третман на машка неплодност, а од неодамна и реконструктивната урогенитална хирургија – информира д-р Александар Мицковски, хирург уролог и супспецијалист за машка неплодност во првата приватна општа болница „Ре-медика“.
Реконструктивните уролошки зафати до неодамна воопшто не се изведуваа во нашата земја, а пациентите беа принудени за тоа да патуваат и да се оперираат во странство.
– Реконструктивната урологија е дисциплина што се занимава со корективни операции на надворешните гениталии поради вродени заболувања, повреди, болести на уретрата (мочен канал), деформитети на гениталиите, Пејрониева болест, имплантација на пенилни протези, аугментација на гениталии, промена на пол и слично. За таа цел успеавме да формиравме тим соработници, кои се најеминентни експерти и високосупспецијализирани во секоја поединечна област. Резултат на таа тенденција за комплетна сеопфатност и имплементација на сите уролошки дисциплини е и најновата официјална соработка со проф. д-р Владимир Којовиќ, еден од најеминентните светски експерти од областа на реконструктивната урологија – појаснува д-р Мицковски. А.П.