Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Од таму посочуваат дека на 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19.211 гласачи.
– Сите избирачки места утрово се отворени навреме и гласањето тече непрекинато и без проблеми. Од пристигнатите податоци од 99.92% од избирачките места, до 9 часот излезноста на гласачите изнесува 2,5 отсто – се наведува во извештајот на ДИК.