Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на ковид-19: Скопје – 32, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Кратово – 1.
Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистриран e 81 оздравен пациент од: Скопје – 52, Прилеп – 10, Битола – 7, Куманово – 3, Охрид и Штип – по 2, Тетово, Велес, Струга, Радовиш и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, регистрирани се три починати лица од Скопје (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62 до 79 години. Сите лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 3 до 18 октомври.
Досега во земјата се направени вкупно 2.179.129 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 281.