Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на ковид-19: Скопје – 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции.
Регистрирани сe 49 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес – по 3, Тетово – 2, Куманово, Охрид и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534, а бројот на активни случаи изнесува 491.