Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар по 2 и по еден во Дебар и Македонска Каменица.

Во изминатите 24 часа регистрирани се и 722 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 331, Охрид – 59, Кавадарци – 36, Прилеп – 33, Неготино – 25, Битола – 24, Куманово -23, Гостивар и Крива Паланка по 22, Гевгелија – 20, Струга – 18, Велес – 16, Тетово, Штип, Кочани и Струмица по 13, Валандово – 7, Кичево, Радовиш, Делчево и Богданци по 4, Демир Капија и Пробиштип по 3, Свети Николе, Берово, Ресен и Крушево по 2 и по еден во Виница, Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево.

Пријавени се вкупно 29 починати лица на возраст од 38 до 86 години, и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и од Крушево и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и од Демир Капија. Од пријавените 28 лица се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.

Направени се 3.897 теста се преку: ИЈЗ – 829, ЦЈЗ Скопје – 75, ЦЈЗ Битола – 76, Судска медицина – 12, лабораторија во болницата во Козле – 14, УК Пулмологија со алергологија – 1, Институт за микробиологија – 79, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 152, „Авицена“ – 351, „Биотек“ – 463, „Систина“ – 260, лабораторија „Лаор“ – 138, „Синлаб“ – 73, „Ремедика“ – 34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.340.

Досега во земјата се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.