Во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста ковид-19.

Тие бараат од Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ – Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, како што истакнаа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаат дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.

Согласно актите на Владата на Република Северна Македонија и насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинскиот кризен штаб во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење не-евидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризниот штаб, еден ден однапред најдоцна до 20 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности. Дежурен телефон за најава е 075 273 192

– Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.Кога се носат одлуки за рестрикција на движење се издвојуваат две групи според возраста за кои посебно се носат ограничувања, а тоа се над 67 години и под 18 год. Кога МЗШВ собира податоци и преку МИОА издава дозволи повторно овие две групи се исклучени од давање на дозволи – се вели во соопштението.