Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство до завршувањето на пандемијата, потсетува Владата.

Согласно владина одлука бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на пандемијата прогласена од Светската здравствена организација.

Од Владата посочуваат дека ја објавуваат оваа информација по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место на бремените жени по 31 декември 2020 година.

Владината одлука е донесена на седница на 03 ноември по препорака на Комисијата за заразни болести.