Во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во тек е лидерска средба, на која присуствуваат претседатели и претставници нa политичките партии од власта и од опозицијата.

На неа се разгледува и разговара за можнсота да се одложат предвремените парламентарни избори закажани за 12 април поради ситуацијата со ширењето на вирусот ковид-19.

Интересен момент пред почетокот на средбата беше тоа што здравствените лица им ја мереа температурата на претставниците кои доаѓаа на средбата, како една од превентивните мрки против ширењето на коронавирусот.

Во Вилата Водно дојдоа скоро сите претседатели на политички партии, освен лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Мендух Тачи од ДПА. Наместо нив, тие пратија претставници.