фото: Зоран Антоски

Со денешните шест новозаболени со ковид-19, расте бројот на инфицирани во Кичево, а бројката на активни случаи се ближи кон 100. Радува фактот што денес нема починати лица, иако и бројот на оздравени не е променет од вчера. Шестмината новозаболени се лица со полесна клиничка слика и се под постојан надзор на матичен лекар.

– По дводневна стагнација денес имаме пораст на новозаболени и сега бројот на активни случаи изнесува 91 случај. Деветнаесет лица се водат како оздравени и петмина ја загубија битката со коронавирусот. Радува фактот што и денешните шестмина новозаразени со ковид-19 се лица со полесна клиничка слика и треба наскоро да очекуваме бројот на оздравени да расте и да опаѓа бројот на активни случаи. Препораките кои што досега беа во сила и натаму важат, и ако се почитуваат, тоа ќе биде најдобрата препорака за намалено ширење на коронавирусот – истакнуваат од Кризниот штаб, од каде додаваат дека повеќе не станува збор само за кластери, туку заразата се шири и надвор од познатите кластери. З.А.