Доцна попладнево министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за медиумите ги разјасни сите шпекулации околу тоа кои се четворицата битолчани инфицирани на ковид-19.

Според министерот Филипче, болничар од Клиничката болница во Битола е позитивен на ковид-19, а по направената епидемиолошка анкета двајца негови колеги се во изолација, додека еден хирург од Клиничката болница, кој има симптоми, ќе се тестира. 

Инаку Битола до неодамна беше еден од градовите каде цели 14 дена немаше инфицрани од ковид-19.

Моментно во Клиничката болница во Битола, која е Регионален ковид-центар, се лекуваат 26 пациенти, а Инфективното одделение веќе не може да прима нови пациенти, од кои најголемиот број беа од струшко-охридскиот регион.

М.М.