фото: Зоран Антоски

Денешниот биланс во Кичево на инфицирани и оздравени лица од ковид-19 е повеќе од задоволителен, ако се има во предвид бројот на новозаболени, само двајца и оздравени десетмина. Билансот ќе беше перфектен, ако едно лице не ја загубеше битката со ковид-19 .

Ова е најмалиот број на инфицирани лица во последните два месеци, што е убав предзнак пред новогодишните празници, граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од ковид-19. Целокупниот хоспитален дел во кичевската болница е зафатен а во кругот на болницата наскоро ќе биде предадена во употреба нова тријажна амбуланта.

– Денешниот однос на новозаболени и оздравени во нашиот град е поволен  и ако немавме  еден починат, билансот ќе беше беспрекорен. Со пуштањето во употреба на тијажната ковид амбуланта, во добра мера ќе се подобрат условите  за третман на заболените на дневна основа, кои тука ќе доаѓаат за преглед и ако треба да примат инекции или инфузии. Уште еден апел до сите наши сограѓани, да се придржуваат кон мерките за заштита од ковид-19  ако сакаме и наредните денови да имаме сличен билнас на новозаболени и оздравени лица – апелираат  од кичевската болница.

З.А.