Фото: Зоран Антоски

Две лица од Кичево не ја почитувале мерката забрана за ограничено движење и заштита на граѓаните од ковид-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во истиот периот во Кичево има 25 нови лица во самоизолација, додека полициските службеници извршиле и седум контроли врз лица кои се наоѓаат во самоизолација – информираа од СВР Охрид.

– Волонтерите на Црвениот крст продолжуваат со хуманата мисија и за време на полицискиот час. Тие на постарите лица од градот им излегуваат во песрет и по нивните јавувања ги посетуваат нивните домови и ги снабдуваат со лекови и намирници кои им се потребни. Тоа ќе го прават сѐ до моментот додека ќе се спроведуваат мерките на Владата – информираат од Црвениот крст.

Во ноќните часови во гробната тишина единствено се слуша лаежот на кучињата скитници кои во голем број ги има во градот. Неколку маркети во градот вршат достава на намирници до домовите на граѓаните, кои нарачките ги  вршат по телефон.