Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на вирусот ковид-19, на територија на Општина Кичево нема прекршување на полицискио час и, ова е втора последователна ноќ како граѓаните покажуваат голема дисциплина и самоодговорност.

Во истиот период извршени се и седум контроли врз лица во самоизолација и таму не се регистрирани неправилности. На ниво на СВР Охрид извршени се и 75 контроли врз угостителски објекти и таму нема прекршување на мерките пропишани од страна на Владата.

Радува и фактот што веќе тече и третата недела, откако во Кичево нема регистрирано нов случај на заразен од коронавирусот. Ова е една од најголемите општини во Македонија, со 57.000 жители, каде што се регистрирани најмал број, само два случаи на заболени од ковид-19.