Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во државата вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.504 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.598 граѓани.

– Во државата вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани. Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина – соопшти МЗ.

Од таму велат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата вакцинација.мк е 427.535 граѓани.

Во државата се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата вакцинација.мк а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на вакцинација.мк бидејќи, како што велат од таму, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.