Стравувањата во Битола се потврдија. Во Герентолошкиот дом „Сју Рајдер“, вкупно 47 корисници се позитивни на ковид-19. Од нив, тројца се со благи симптоми, а останатите се асимптоматски.

Тоа што посебно загрижува е што вкупно 19 вработени се позитивни на ковид-19 и сите се асимптоматски. Од Центарот за јавно здравје во Битола велат дека сите пациенти се покриени со двојна терапија и под надзор на доктори од „Сју Рајдер“ и инфектолози од Клиничкатa болница во Битола. 

М.М.