Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 598 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на ковид-19: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1. Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 33, Битола – 4, Куманово и Гевгелија – по 2, Прилеп, Велес, Штип, Кичево, Кратово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (72г) и Прилеп (77г). Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 17 септември до 1 октомври.

Досега во земјата се направени вкупно 2.178.565 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556 а бројот на активни случаи изнесува 320.