Фото: Игор Бансколиев

Две иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање заштита на слободи и права не поминаа на денешната седница на Уставниот суд.

Оспорувањето на Членот 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници поднесен од Јове Кекеновски не го доби потребното мнозинство гласови.

Отфрлена е иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 5, 7, 8 и 165 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, поднесена од адвокатот Јован Јоанидис.

Одбиено е и барањето од Милан Јовчески од Прилеп, поднесено преку полномошник-адвокат Трајче Арсов од Велес, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност.