Носењето заштитна маска од сега е задолжително на јавни места во трите најголеми градови во Турција, соопштија денеска надлежните. Бројот на заразени со коронавирус во земјата е зголемен откако беа олеснети ограничувањата наметнати заради епидемијата.

Маските се задолжителни во Истанбул, Анкара и Бурса, како и во 47 од 81 провинција. Бројот на заболени порасна по отворањето на кафулињата, рестораните, теретаните, парковите, плажите, музеите…

Министерството за внатрешни работи објави дека ќе има полициски час во сабота и следниот викенд низ цела Турција, бидејќи милиони ученици полагаат испити за упис во средно училиште и за факултет.