Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека ЕУ не би требало никого во регионот да држи како заложник, вклучувајќи го и Косово, затоа што примиле вакцини од исток.

Тој го рече тоа на заедничката прес-конференција со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, одговарајќи на прашањето за слободата на движење на Албанците во ЕУ вакцинирани со вакцини од исток, пренесува порталот „Албански пост“.

– ЕУ не треба да држи како заложник никого во регионот поради вакцината. Нема потреба да се плаќа тестирање во ЕУ кога ќе ја примите вакцината. Не зборувам само за Албанците, туку и за Македонците, Црногорците, Бошњаците, целиот Балкан – рече Рама.