Грчката влада го активира својот доверлив план „Артемис“ за борба против вирусот ковид-19, кој вклучува мобилизација на армијата, со два нови оперативни центри координирани од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, додека третиот е во процес на формирање ќе има супервизорска улога, пишува „Катимерини“.

Активирањето на оваа фаза на планот доаѓа откако Грција вчера го регистрираше првиот смртен случај поврзан со коронавиру и потврди дека бројот на заразени се искачи на 117, при што владата најави нова серија мерки, вклучително и двонеделното затворање на театри, судница, кина, спортски сали, игралишта и клубови за контрола на ширење на заразата.

Механизмот за управување со кризи ќе го имплементира полицискиот штаб на Атика (ГАДА), Центарот за координација на противпожарната бригада и грчката полиција ЕЛАС.

Соодветно на тоа, група од 150 специјално обучени службеници ангажирани од ГАДА ќе имаат задача да ги следат и идентификуваат лицата кои се во контакт со потврдени случаи.

Во Центарот за координација на Противпожарната бригада, 70 службеници  изминатите недели биле на специјална за обука за да даваат упатства за почитување на карантин.

Врз основа на географската распостранетост на случаите, Генералниот секретаријат за цивилна заштита ќе може да ги спроведе мерките и на отворено, пренаменувајќи ги бродовите во пловечки болници, во областите каде што бројот на пациенти го надминува капацитетот на одделенијата за интензивна нега.