Јужна Кореја ги објави плановите за следење со нараквици на луѓето кои не го почитуваат карантинот, при што официјалните лица предупредуваат дека се потребни построги контроли за да се спроведат правилата за самоизолација, пренесува „Гардијан“.

Околу 57.000 луѓе на кои им е наредено да останат дома очигледно скришум излегле оставајќи ги зад себе своите паметни телефони, кои во моментот се користат за следење на движењето.

Официјалениот претставник за здравствена заштита во Јужна Кореја, Јун Тае-хо, ја потврди загриженоста за приватноста, но рече дека наравиците се неопходни затоа што бројот на луѓе за самоизолација и карантин се зголеми во последните неколку недели. Од 1 април, земјата бара по пристигнување луѓето од странство да се изолираат на 14 дена.

Ли Беом-сеок, официјален претставник од Министерството за внатрешни работи и безбедност, рече дека владата не може да ги присили луѓето да ги носат нараквиците, но од граѓаните ќе биде побарано да потпишат формулари за согласност. Оние што се согласуваат да го сторат тоа, можат да се соочат со полесна казна. Корејците можат да се соочат со затворска казна до една година или да бидат казнети во износ од 8.200 американски долари за кршење на наредба за карантин во земјата.

Центрите за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја соопштија дека најмалку 886 од  10.480 регистрирани коронавирусни инфекции биле поврзани со меѓународни пристигнувања.