Британскиот премиер Борис Џонсон е пуштен од болница каде што се лекуваше од ковид-19, соопшти неговиот портпарол.

Џонсон денеска ја напушти болницата „Св. Томас“ во центаралниот дел на Лондон, но нема веднаш да ја преземе премиерската функција, додаде портпаролот.

50-годишниот политичар на Конзервативната партија беше примен во болницата пред една недела поради висока температура, а три дена мина и на интензивна нега.

Во изјава објавена доцна во саботата навечер, Џонсон му се заблагодари на здравствениот персонал кој се грижеше за него.

– Не можам доволно да ви се заблагодарам. Ви го должам мојот живот – напиша британскиот премиер.