Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека до парламентот ќе испрати закон со кој вонредната состојба би се продолжила до 23 јули.

Ова ќе ѝ овозможи на владата да ја ограничи слободата на движење, работењето на продавниците и собирањето на граѓаните, пренесува „Ројтерс“.

Филип исто така рече дека карантинот, воведен кон средината на март, ќе биде укинат на 11 мај доколку бројот на новозаразени во еден ден падне под 3.000.

Според податоците, во Франција досега се регистрирани 166 илјади случаи на зараза од коронавирус, а потврдени се 23.293 починати.