Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изрази надеж дека со постепено укинување на ограничувањето за движење, состојбата во земјата ќе се нормализира до крајот на јуни.

Следи осумнеделно постепено олабавување на рестриктивниот режим воведен поради коронавирусот.

Премиерот на Шпанија, која со повеќе од 230.000 заразени граѓани е земја со највеќе заболени во Европа, најави план за ублажување на мерките во четири етапи, при што секоја од нив ќе трае по две недели, а почетокот е од 4 мај, пренесе агенцијата АП.

Санчез нагласи дека релаксацијата на вонредните мреки ќе ја воведе нацијата во нова нормала што подразбира носење заштитни маски и примена на строги хигиенски стандарди сè додека не се добие вакцина за ковид-19.