Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на водечките претставници на администрацијата на САД да ѝ помогнат на Италија во борбата против коронавирусот. За таа цел ќе биде испратена медицинска опрема и хуманитарна помош. Исто така наредено е да се стават на располагање припадниците на војската на САД во Италија за давање телемедицински услуги, помош во поставувањето полски болници и транспорт на опрема.

– Италијанската Република, една од нашите најблиски и најстари сојузнички, е погодена од пандемијата ковид-19 која веќе однесе повеќе од 18.000 животи, го донесе поголемиот дел од италијанскиот здравствен систем на раб на колапс и се заканува да ја турне италијанската економија во длабока рецесија – порача Трамп.

Италија бележи најголем број смртни случаи во светот од ковид-19.