Светската здравствена организација (СЗО), ја продолжи глобалната здравствена вонредна ситуација поради пандемијата на ковид-19 за уште три месеци.

Информацијата ја соопшти Комитетот за итни случаи на СЗО.

Комитетот се согласил пандемијата на ковид-19 и натаму остане како вонредна ситуација за јавното здравје со меѓународна важност, наведено е во соопштението.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Абхан Гебрејесус изјавил дека светот има начин глобалната пандемија да ја стави под контрола во следните месеци.

– Имаме начини оваа пандемија да ја ставиме под контрола за неколку месеци, ако ги примениме доследно и правилно – рекол Гебрејесус.