Бројот на заразени лица во Индија надмина 400.000, откако денеска беа објавени 15.513 нови случаи на ковид-19, пренесува Си-ен-ен. Тоа е најголем број заразени лица во еден ден досега.

Покрај тоа, 306 смртни случаи на ковид-19 се пријавени во Индија во последните 24 часа.

Досега се регистрирани вкупно 410.461 случаи на инфекција и 13.254 смртни случаи.

Според Индискиот совет за медицински истражувања, досега се извршени 6.807.226 тестови, од кои 190.730 биле направени во последните 24 часа.