Бројот на заразени со коронавирус во Македонија до вчера изнесува 5.005 лица. Во моментов активни се 2.868 случаи, оздравени се 1.904, а починати 233 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања. На Инфективната клиника вкупно е хоспитализиран 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 5 лица.

Од активните 1.904 дури 1.653 случаи се од Скопје, што го прави главниот град најголемо жариште на ковид-19 во моментов. Зад Скопје се Куманово со 229 и Штип со 207 активни случаи.

Според последната статистика во скопските општини, седум скопски општини веќе бележат троцифрени бројки на активно заразени лица. На врвот на листата се уште е Чаир со 363 позитивни случаи, а зад оваа општина се Аеродром-129, Бутел – 133, Гази Баба – 148, Центар-126, Карпош – 115, Сарај – 125.