Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад.

Од друга страна, Роспотребнадзор наведува дека во Русија не е идентификуван нов вид на вирус.

Норвешкиот таблоид Верденс Ганг објави дека е откриена нова мутација на коронавирусот во Норвешка во Трондхајм на северот на земјата, пренесува Тасс.

– Русија, сепак, не идентификува нов вид на коронавирус што би можел да биде суштински различен од оној што циркулира во други земји – соопшти надзорниот орган за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.

Се наведува дека Русија систематски ја проучува генетската разновидност на САРС-КоВ-2 верзиите во оптек, како и дека повеќе од 150 геноми се декодираат месечно.

– Добиените податоци се користат за да се анализира релевантноста на системите за дијагностички тестови и да се помогне во идентификување на увезените случаи и да се проценат регионалните карактеристики на генетската разновидност на САРС-КоВ-2. До денес, во Русија не се изолирани соеви кои би можеле драстично да се разликуваат од оние познати во други земји – се наведува во соопштението.