Веќе во јануари, омикрон, новата мутација на коронавирусот се очекува да стане доминантна варијанта во Германија. Кристијан Дростен, водечки германски виролог, не ја крие својата загриженост за брзината со која се шири новата верзија на вирусот.

Мутацијата делта моментално доминира во Германија, но омикрон се шири низ целиот свет. Дростен предвидува дека омикрон ќе стане проблем за Германија од јануари 2022 година поради брзината на неговото ширење.

-Во Јужна Африка или Англија, на пример, бројот на случаи се удвојува на секои два до четири дена. Ако тоа се случи во Германија, ширењето на Омикрон ќе случи пред политичарите да можат да реагираат. И тогаш наскоро ќе имаме сериозен проблем – вели Дростен, а пренесува „БГНЕС“.

Тој ги повикува луѓето да се вакцинираат, особено со бустер доза. Неговото мислење е дека засилувањето на имунитетот преку ревакцина подобро ќе штити од Омикрон во споредба со Делта варијантата. Сепак, засега нема сигурни информации за ова прашање и преовладуваат претпоставки.