Чешките власти од понеделник ќе им забранат на невакцинираните граѓани да присуствуваат на јавни настани и да имаат пристап до јавни услуги, изјави денеска чешкиот премиер, Андреј Бабиш.
„Тоа значи дека негативните тестови повеќе нема да се уважуваат како сертификат за влез на настани и во услужни објекти“, објасни Бабиш, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Ограничувањата, кои утре ќе бидат одобрени од комплетниот кабинет, доаѓаат откако бројот на нови инфекции се искачи на 22.479.