Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс кратко се онесвести за време на дискусијата во парламентот за коронавирусот, пренесуваат агенциите.

Во еден момент, Бруинс паднал од говорницата додека ги слушал прашањата. Неговите колеги веднаш му помогнале.

– Ви благодарам за поддршката. Страдав од несвестица и исцрпеност. Сега одам дома да се одморам, за да можам да се вратам на работа утре и да се борам против кризата – рекол Бруинс откако се освестил.