Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска во телевизиско обраќање изјави дека Русија ја очекува нова и тешка фаза на пандемијата.
– Релативно сe стабилизира дневното зголемување на нови случаи, но тоа не треба да нè смирува, ситуацијата е сè уште многу сериозна – рече Путин.
– Сè уште не сме го достигнале врвот на заразата. Нè чека нова и болна фаза на пандемијата. Смртоносниот вирус е сè уште закана за нас – додаде тој.
Путин рече дека Русија ќе ги продолжи ограничувањата до 11 мај. По тој датум, земјата би можела да започне постепено да ги олеснува рестрикциите, пренесува Си-ен-ен.
– Треба да се подготвиме за тешкиот пат пред нас – рече Путин.
– Треба да се грижиме за сите ризици и да бидеме разумни за да не го изгубиме целиот напредок што го постигнавме досега – истакна тој.
Рускиот претседател претходно побара од Владата до 30 април да поднесе извештај за тоа како се одвива работата поврзана со развојот на вакцина против ковид-19.