ФУДБАЛ
Половина од клубовите во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) сезонава ќе бидат исти како и минатата. Меѓу преостанатите 18 екипи ќе има неколку дебитанти, како Комо од Италија и Сабах од Азербејџан, а ЛАСК првпат ќе игра во ЛШ, но во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување дебитира во 1965 година, тогаш со име Куп на шампионите.
Екипите што играа и лани во Лигата на шампионите и ќе настапат и сезонава се Баерн, Борусија Д., Арсенал, Манчестер сити, Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Вилјареал, Интер, Наполи, Пари сен Жермен, ПСВ Ајндховен, Спортинг, Клуб Бриж, Галатасарај, Славија и Бодо/Глимт. Другите сигурни учесници во ЛШ се Лајпциг, Штутгарт, Манчестер јунајтед, Астон вила, Бетис, Рома, Ленс, Лил, Феенорд, Порто и Шахтер, како и победниците на синоќешните реванш-натпревари од плејофот, Левски или АЕК, Динамо Загреб или Викинг, Слован или Цеље и Фенербахче или Лион.
Во новата сезона ќе играат 13 клуба што досега ја освојувале европската фудбалска титула, и тоа актуелниот европски првак Пари сен Жермен (две титули досега), потоа Реал Мадрид (15), Ливерпул, Баерн (по шест), Барселона (пет), Интер, Манчестер јунајтед (по три), Порто (две), Астон вила, Манчестер сити, Феенорд, ПСВ Ајндховен и Борусија Дортмунд (по една). Н.М.



































