Најмалку 50 луѓе во Осло биле заразени од омикрон-сојот.
Случаите се поврзани со неодамнешната божикна прослава на една компанија во ресторан во Осло, изјавиле официјалните лица, а пренесува агенцијата АП.
Општина Осло преку соопштение наведува дека се очекуваат повеќе случаи.
Официјалните лица се обидуваат да ги откријат начините на пренесување на вирусот на прославата.
Норвешкиот институт за јавно здравје соопшти дека пациентите живеат во Осло и околните општини.