Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува претежно облачно време, а наутро ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен. Утринската температура ќе се спушти до 10 степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредниот период ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со различен интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и на почетокот на следната седмица.
Во утринските часови и во наредните денови, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на прогнозираниот период ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.


































