Во писмото до двата дневни весници „Ил Кориере дела Сера“ и „Ил фато Котидиано“, италијанскиот премиер Џузепе Конте најави седум мерки за обнова на земјата по пандемијата на коронавирусот, вклучително и големи јавни работи, реконструкција на инфраструктурата, рекапитализација и стабилизирање на производствените погони, особено оние кои претрпеле најголема штета како резултат на карантинот.
Премиерот исто така најавува поддршка на дигитализацијата, електронските плаќања и иновациите, драстично намалување на бирократијата и културна револуција во јавната администрација.
Од функционерите на јавната администрација ќе се бара поголема одговорност и попрецизно дефинирање на злоупотребата на службената положба.
Премиерот најавува и мерки за подобрување на ефикасноста на судството, но и воведување сериозна даночна реформа.