Европската комисија (ЕК) донесе одлука повеќето вработени да работат од дома од понеделник, 16 март, поради коронавирусот, изјави за „Ројтерс“ лице кое работи во извршната власт на ЕУ.
Само вработените кои вршат „критички важни функции“ ќе треба да бидат физички присутни на работа, но и тие ќе работат во смени, рекол изворот, повикувајќи се на интерен меморандум од претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен.
Околу 32.000 луѓе се вработени во Европската комисија, главно во Брисел, но и во Луксембург.